Белгиското крило на Реал Мадрид, Еден Азар ќе го пропушти натпреварот од 7.коло на шпанското првенство против Барселона, објави „Марка”.
Според извори на публикацијата, тренерот на „кралскиот клуб” Зинедин Зидан не сака да го присили враќањето на играчот.
Клубот е подготвен да почека додека 29-годишниот Азар не излезе на теренот целосно подготвен. Нема најавено датум за негово враќање, но сигурно е дека ѕвездата на „белиот балет” ќе ги пропушти натпреварите од Примера дивизион против Кадиз (17 октомври) и Барселона (24 октомври).
Азар премина во Реал летото 2019 година од Челси за 115 милиони евра. Неговиот договор со клубот е до летото 2024 година.