Грчките државни службеници денеска почнаа 24-часовен штрајк, барајќи, меѓу другото, поголеми плати во здравството и работниците во секторот за образование и поголемо вработување за време на пандемијата.
Поради штрајкот, јавните служби низ целата земја се затворени, а со оглед на тоа што во штрајкот учествуваат и контролорите на летови, авиокомпаниите беа принудени да ги откажат или одложат летовите за в петок во 08:00 часот.
Стотици здравствени работници претходно маршираа низ центарот на Атина, пред големите демонстрации во грчкиот главерн град.
Главниот синдикат на државни службеници во земјата, АДЕДИ, организираше штрајк поради голем број барања, вклучително и зголемени трошоци за здравствена заштита, повеќе кревти во единиците за интензивна нега и нови вработувања во образованието за да можат да се организираат часови со 15 ученици.
Синдикатот исто така повика на укинување на голем број даноци за државните служби и намалување на даноците за потрошувачите на 15 проценти од сегашните 24 проценти, како и измени на неодамнешниот закон за демонстрации и укинување на приватизациите.