НЛБ Банка во периодот од 15 октомври до 30 ноември, по повод својот 35-годишен јубилеj организира голема донаторска акција, во која активно учество ќе земат сите клиенти – корисници на НЛБ Mаstercаrd картичките.
Имено, за секоја реализирана трансакција со НЛБ Mastercard картичките за време на промотивниот период Банката ќе донира финансиски средства. По завршување на кампањата, НЛБ Банка заедно со своите клиенти ќе одлучикаде ќе се донираат собраните средства. За донацијата ќе бидат дадени предлози за кои јавноста ќе може да го даде своето мислење и да гласа, а средствата ќе бидат донирани за оној предлог кој ќе добие најголем број на гласови.
Дополнително, во рамките на кампањата, сите нови клиенти кои ќе аплицираат за НЛБ Mastercard кредитните картички (Mastercard Standard, Mastercard Light иMastercard Gold) во промотивниот период ќе може да ги добијат без членарина, додека сите постоечките корисници кои ќе направат најмалку 10 трансакции во промотивниот период ќе добијат бесплатна членарина за следната година.
„Оваа година НЛБ Банка прославува 35 годишнинаод своето основање, повод кој заслужува да го одбележиме заеднички со нашите клиенти. Со цел одбележување на јубилејот, решивме Банката да донира средства за секоја трансакција со НЛБ MasterCardкредитните картички и на крај заеднички да одлучиме каде е најнеопходно даги донираме. Ве повикувам да ги користите НЛБ Mastercаrd картичките, да се приклучите кон донаторската акција и заедно да направиме добри дела за паметење!“, изјавија од Банката.
Повеќе информации во врска со оваа промотивна кампања и донација клиентите може да добијат на веб страницата на Банката www.nlb.mk, преку Контакт центарот на телефон 02 / 15 600 или во најблиската експозитура.