Десетици лица осомничени за криумчарење на мигранти се уапсени утрово во голема полициска акција на неколку локации низ државата.
Се апсат извршителите, организаторите и помагачите на шверцот па во акцијата учествуваат голем број полициски специјалци, но и полициски хеликоптери.
Акцијата се одвива во Штип, Струмица, Скопје и во пограничното село Лојане.
МВР најави повеќе детали за операцијата за подоцна во текот на денот.