Двајца ракометари на вториот тим Еурофарм Пелистер се позитивни на коронавирусот

Од вториот тим на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер информираат дека во нивните редови имаат двајца играчи кои пријавиле симптоми на коронавирусот. По направеното тестирање нивните резултати се позитивни.

По ова целата екипа, стручниот и медицинскиот тим се тестирале и се очекуваат резултатите. Во зависност од нив ќе се знаат следните чекори и продолжувањето на тренажниот процес.

Еурофарм Пелистер 2 одигра четири натпревари во Суперлигата, група Б и запиша две победи и два порази.

Претходно првиот тим на Еурофарм Пелистер ја извести јавноста дека дуелот од Лига Европа против Татабања од Унгарија кој требаше да се одигра на 20 октомври од 18.45 часот во Битола е одложен. Причината е големиот број на заразени членови на ракометната екипа и стручниот штаб на Татабања на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави