Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер потсетува дека е изработено едукативно видео наменето за барателите на информации.
Видеото е на македонски и албански јазик, а целта е со неговото емитување значително да се придонесе во афирмација на уставно загарантираното право на секој граѓанин за слободен пристап до информации.
Видеото е изработено во соработка со Националниот демократски институт и „ВИДИ ВАКА” и со финансиска поддршка од УСАИД. Беше промовирано на Меѓународниот ден на слободниот пристап до информации од јавен карактер.