Нов рекорд на бројот на смртни случаи во Русија

Во Русија, во последните 24 часа се потврдени 13.754 случаи на коронавирус. Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми на 1.354.163, објавено е во Москва.

Уште 286 лица починаа од коронавирус, што е најголем број на смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус достигна 23.491, според агенцијата ТАСС.

Од Ковид-19 оздравеле уште 8.392 лица, а вкупниот број на опоравени пациенти е 1.048.097.

Треба да знаете
Последни објави