Приведен дилер од Тетово за издржување затворска казна

Денеска околу 10.00 часот во село Мала Речица, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле Ш.З.(28) од селото.

Тој осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Ш.З. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

 

Треба да знаете
Последни објави