Истра во Хрватска е безбедно место кога станува збор за коронавирусот. Таа област е обоена со зелено на новата ковид-карта на Европа. Министерството за надворешни работи на кралството Белгија објави ажуриран попис на земји според зони во однос на епидемиолошката состојба. Истарската жупанија во Хрватска е оценета како безбедна.
Зелената боја означува дека во тоа подрачје може да се патува без никакви ограничувања.
Сите останати држави и региони се означени со црвена боја (што означува силна препорака да не се патува) и портокалова боја (може да се патува со дополнителна претпазливост).
При враќањето од црвените подрачја следува задолжително тестирање и карантин, додека тоа не важи за останатите.
Со кликнување на Истра се отвора прозорче во кое пишува дека во тоа подрачје е дозволено патување без никакви ограничувања. Се додава дека по враќањето во Белгија не треба да се има негативен ковид-тест и нема да се оди во карантин. Хрватскиот научен Владин совет одлучи што е можно побрзо да се воведе т.н. семафор на епидемијата.
Вчера имаше 748 заразени со коронавирус во земјата, а се очекува дека тој број дневно може да изнесува 1.000.