Владата на британскиот премиер Борис Џонсон ќе воведе построги ограничувања за спречување на ширењето на Ковид-19 во Лондон од петок на полноќ, објави „Тајмс”.
Во главниот град на Велика Британија во моментов е прогласено средно ниво на предупредување, што ќе премине на високо ниво, наведува весникот.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан рече дека очекува Владата да објави денеска дека во Лондон ќе бидат воведени построги ограничувања.