Филмот Cuties го одразува штетното влијание на социјалните мрежи врз младите девојки денес

Продолжуваат полемиките околу францускиот филм Cuties (Слатки девојчиња), режисерско деби на француско-сенегалскиот режисер Maïmoune Doucouréa. Сторијата на филмот е насочена кон Ејми, 11-годишна муслиманка од Сенегал која расте во сиромашен кварт во Париз.

Приказната за полнолетството доби позитивни критики кога премиерно се прикажа на филмскиот фестивал „Санденс“ во јануари, и на Doucouréa му донесе награда за најдобар режисер.

Филмот ја раскажува приказната за 11-годишно девојче заглавено меѓу строгите муслимански традиции на нејзиното семејство и обидите на нејзините пријатели да имитираат сексуализирани личности на жени портретирани во западната култура и на социјалните мрежи.

Филмот е означен како несоодветен за помлади од 18 години, но и покрај тоа „Нетфликс“ се соочи со критики за претераното сексуализирање на девојчињата.

Треба да знаете
Последни објави