ЕХФ ги одбра најдобрите пет одбрани и голови кои го одбележаа 4. коло во машката ракометна Лига на шампионите. Одбраната на македонскиот репрезентативец од редовите на Порто, Никола Митревски го доби епитетот најдобара, а еден од осумте постигнати голови на Стојанче Стоилов од Вардар постигнат со спектакуларна „шрауба“ се најде на второто место.
ЕХФ сигурно немаше никакви дилеми која одбрана да ја прогласи за најдобра на колото, а може да конкурира и за на крајот од сезоната, кога Митрески на спектакуларен начин во фудбалски стил ја сочува незатресена сопствената мрежа.
Во изборот на најубави голови на колото, првото место го доби погодокот на Лук Абало од Елверум, а на Стоилов е вторпласиран.