Статуата што го прикажува бездомникот Исус како лежи на клупа, поставена пред една црква во Охајо, предизвика полициска реакција денот кога беше поставена откако некој помислил дека станува збор за вистинска личност, пренесува „Њујорк пост“.
Статуата е поставена на теренот на епископалната црква „Свети Барнабас“ во Беј Вилиџ во понеделникот, објави црквата на Твитер. Дваесет минути подоцна биле повикани полицајци, посочива пасторот на црквата, Алекс Мартин.
„Имав разговор со многу љубезен полицаец затоа што некој се јави да пријави бездомник кој спие на клупа во парк. Во рок од дваесет минути… “, твитна Мартин.
We're glad to temporarily host this statue of Homeless Jesus to raise awareness of homelessness in Cleveland and remind us that all people are created in the image of God. pic.twitter.com/EKClQm7PFG
— St. Barnabas Episcopal Church (@StBarnabasBV) October 12, 2020
Скулптурата, дизајнирана од Тимоти Шмалц, беше поставена во различни цркви и верски организации во областа од октомври 2018 година, објави „Кливленд син“. „Свети Варнава“ ќе биде домаќин на статуата до 1 декември, се вели во извештајот.
Пасторот Мартин го објасни значењето на статуата.
„Можеби статуата ќе ги инспирира оние што ја гледаат да преземат нешто и да помогнат … Гледањето во Исус опишан овој начин нè потсетува дека Исус се идентификувал со прогонетите и бил маргинализиран во своето време“, напиша Мартин. „Поминал многу време со даночници и проститутки, поради што бил презиран од учтивото општество“.