Во Романија, во последните 24 часа се потврдени 4.026 нови случаи на коронавирус, што е трет ден по ред дневниот број на новоинфицирани да надминува 4.000, објави кризниот штаб на таа земја.
Уште 75 лица починаа во изминатиот ден, пренесува агенцијата Аѓерпрес.
Од последниот пресек, тестирани се 30.325 лица.
Од почетокот на епидемијата во Романија, заразени се 172.516 лица, од кои 5.749 починале.