Полициски службеници од повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.10), во рамки на оперативната акција „Рефлекс“ спречија влез на 252 лица-мигранти долж граничната линија со Грција, Бугарија и Србија и внатре, на територија на Република Северна Македонија.
Покрај, тоа, како што веќе информиравме, во текот на вчерашниот ден беше сузбиена 12-члена организирана криминална група за криумчарење на мигранти. МВР и во наредниот период продолжува со мерки и активности за спречување на илегален влез на териоторијата на Република Северна Македонија.