Заев: Да не постоеше Гоце Делчев, ќе требаше да го измислиме за да биде мост меѓу нас и Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска во обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела, на новинарско прашање околу преговорите на Македонско-бугарската комисија околу денешниот нов состанок, истакна дека се надева на изнаоѓање заедничко решение со Бугарија.

-Ќе видиме како денеска ќе помина преговорите на Комисијата, веројатно потоа ќе соопштат за тоа како поминала средбата. Јас сум убеден дека ќе најдеме решение. Бугарскиот народ е позитивен кон македонскиот народ и обратно. Верувам дека Борисов сака да се најде решение, сака добро за земјите од Западен Балкан и за Северна Македонија. Јас сум вечен оптимист. Да не постоеше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да биде мост меѓу Северна Македонија и Бугарија. Да покажеме малку дека сме Европејци, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави