Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Венко Филипче
„Венко Филипче секој ден во јавноста докажува дека е министер за зараза и смрт.
Неспособноста на Венко Филипче одзема човечки животи.
За четири дена имаме скоро 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза. Ова што се случува деновиве е фијаско на сите нивни политики.
Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол кој ќе помогне при справување со КОВИД-19. Погрешните и лоши политики на Филипче ја искачија Македонија на врвот во регионот, Европа и пошироко по новозаболени и починати од корона вирусот.
Филипче додека се занимава со матни тендери и градење на згради граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот. Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица. Филипче, оставка веднаш!“