Еден случај на Ковид-19 од изминатите денови е од Технолошко-техничкиот факултет Велес каде вработен имал симптоми на коронавирус по што е направен тест кој бил позитивен. Поради непосреден контакт двајца вработени од факултетот со Решение од државниот здравствен инспекторат се ставени во изолација. Денес Ковид-19 случај потврдија и од основното училиште Блаже Коневски каде еден ученик е потврден случај со коронавирус додека 15 негови соученици и наставничката се ставени во изолација.