Малолетник е возачот на автомобил што вчера усмрти пешак во Бутел и избега, информираше МВР.
-На 15.10.2020 околу 15.30 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, пред крстосница со ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од Скопје, удрило во пешак С.С.(38) од Скопје. Пешакот починал на местото на незгодата, а возачот го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден, велат од МВР.
Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.