Францускиот ракометен тим Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров објави дека во своите редови има два позитивни случаи на коронавирусот. Заразниот висру во тимот на Нант влезе по гостинските натпреаври кои ги одигра оваа екипа од француското првенство со Монпелје и од ЛШ со данскиот Алборг.
Позитивните тестови се појавиле по редовните прегледи на францускиот тим. Играчите кои имаат позитивни тестови веднаш се испратени во самоизолација. Клубот веднаш закажа нови вонредни тестирања за денеска и нагласи дека се преземени сите мерки за заштита на ракометарите и челновите на екипата според сите здравствени-протоколи. Доколку новите тестови бидат негативни, Нант ќе продолжи со тренинзите и подготовките за обврските во француското првенство кои му претстојат в недела.