Во касарната „Боро Менков” во Куманово, денеска Командата за операции (КО), ќе го одбележи Денот на единицата.
Како што е најавено, пред присутните ќе се обратат началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски.
На прославата ќе присуствуваат и заменик на министерот за одбрана Башким Хасани, државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ, поранешни команданти на оваа команда, претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот и претставници од локалната самоуправа.
Активноста, како што информираа од МО, ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување празници, за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита.
Инаку, за ден на Командата за Операции е определен 17 Октомври, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на Македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието.