Пејачот Драгиша Митиќ Гиле, според неофицијални информации, извршил самоубиство и наводно се обесил. Според српските медиуми, трагедијата се случила во Тител, неговото родно место.
Пејачот последните години издавал песни за Гранд продукција, а се зборувало дека на себе кренал рака поради долгови.
Веќе се збогуваат со Драгиша на социјалните мрежи.
– Драгиша Митиќ Гиле … 45 години. Ми кажа многу одамна … Пријатели еднаш, пријатели засекогаш. Почивај во мир пријателе … се надевам дека сега си го пронашол својот мир … нека те чуваат ангелите … Збогум мој Гиле. Тажна сум, но среќна што те познавав. Ќе те паметам долго, долго … засекогаш. Искрено сочувство до семејството Митиќ – напиша една жена на Фејсбук.



