Путин предложи ​​продолжување на договорот за контрола на вооружувањето со САД

Рускиот претседател, Владимир Путин, предложи денеска договорот за намалување на нуклеарното вооружување (СТАРТ) да биде продолжен со САД за најмалку една година, без никакви услови, објави ТАСС.

Неговиот предлог дојде на седницата на рускиот совет за безбедност.

„Предлагам да се продолжи постојниот договор, без никакви предуслови, најмалку една година. Сето ова со цел да можеме непречено да водиме значајни разговори за сите прашања за да не ги оставиме ни Русија ни САД, но и сите земји во светот, без таков значаен договор каков што е новиот СТАРТ“, рече Путин.

Договорот истекува во февруари 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави