СДСМ со ребалансот на буџетот крати пари на капитални инвестиции додека кај непродуктивните трошоци нема намалување. Скратени се средства за образование и здравство додека средства за мебел и за други луксузи има. На чело со СДСМ македонската економија и здравство доживуваат дебакл. Над 40.000 граѓани останаа без работа додека само 2.000 за месец септември. Јавниот долг изнесува над 60 % од БДП што според критериумите на Мастрихт земјава се вбројува во групата на високо задолжени земји.
Мерките на владата не дадоа ефект. Од вкупно планираните 550 милиони евра реализирани беа само 53 %. 4 пакет на мерки не ги вклучува студентите и учениците ниту малите компании што се движечка сила на секоја економија. Заев и СДСМ ги остава малите фирми на цедило а со тоа и огромен број на фамилии и луѓе без работа. Заев на чело со СДСМ обезбедуваат пари само за нивните фирми и луѓе блиски до власта.
И Светска банка излезе со црни предвидувања за македонската економија. Светска банка предвидува пад на економијата од 5,4 % до крајот на годината додека само за првиот квартал македонската економија бележи пад од огромни 12,7%. Капиталните инвестиции се катастрофално ниски што го доведува градежниот сектор во опасност. Според последниот извештај за извршување на буџет заклучно со месец август изнесува едвај 40 %. Предвидувањата на Светска банка се и дека сиромаштијата енормно ќе расте додека моментално во Македонија над 400.000 граѓани живеат на работ на егзистенција.
Граѓаните на чело со СДСМ се оставени на милост и немилост со лошите мерки и политичката ноншалантност. Секојдневно расте бројот на заболени од корона а бројот на мртви ја надминува секоја нормалност.
Мафијата на власт ја уништи македонската економија и здравство. Мафијата на власт на чело со Заев покажа колку е неспособна кога се работи за потребите и интересите на граѓаните.