Русите спроведуваат кампања за дезинформација за ширење стравови во врска со вакцината што ја развива универзитетот во Оксфорд. Тоа го објави британскиот весник „Тајмс”.
Фотографии и видеа ја претставуваат британската вакцина како опасна. Весникот забележува дека кампањата издала предупредувања дека вакцината може да ги претвори луѓето во мајмуни затоа што вирусот на шимпанзата бил користен како вирусен вектор.
Изданието нагласува дека Русија напаѓа држави каде сака да ја продава руската вакцина Спутник V, како и во западните земји.
АстраЗенека, фармацевтскиот гигант, кој планира масовно да ја произведува вакцината на Универзитетот во Оксфорд, ако е дозволена, коментира дека дезинформациите се голем ризик за јавното здравје.
Претходно оваа недела, рускиот лидер Владимир Путин објави дека во Русија е развиена втора вакцина против Ковид-19.