Тренерот Марјан Вајда, во интервју за „Вечерње новости“ открил уште колку долго ќе соработува со првиот светски тениски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ. Словакот Вајда неодамна стана дедо, има и други обврски, но не размислува да ја прекине соработката со Ѓоковиќ.
-Се надевам дека ќе бидеме заедно се додека не ги надмине сите тениски рекорди. Ајде за почеток да освоиме повеќе од 20 гренд слем трофеи, изјавил Вајда.
Ѓоковиќ е трет на вечната листа со освоени 17 гренд слем титули, три помалку од Рафел Надал и Роџер Федерер.