Го убедиле дека неговата мајка му е сестра, а баба му мајка: Шокантната приказна на Џек Николсон

Џек Николсон е еден од најценетите, но и еден од најнеобичните актери во Холивуд, најмногу поради тоа што неговата животна приказна е доста скандалозна.

Актерот кој остава без здив повеќе од шест десеции, славниот Џек Николсон  е познат по своите саркастични, антихеројски улоги, како и оние во кои се појавува како отфрлен од општеството, бунтовник и лошиот во приказната. Николсон е актерска легенда во вистинска смисла на зборот.

Оскаровецот со широка насмевка во својата долга и богата кариера има снимено низа на филмски хитови, а покрај одличните улоги, неговите живот го одбележуваат и славните дами со кои се има забавувано.

Актерот има пет деца, а низа на згодни холивудски актерки, манекенки и воопшто ѕвезди паднаа на неговиот шарм, кој можеби не освојува со неверојатно тело и мускули, но затоа е доста харизматичен.

Роден во далечата 1937 година, Николсон од мали нозе бил опкружен со танчерки, бидејќи и неговата мајка играла во некој ноќен клуб, а се омажила за италијански танчер.

Николсон никогаш не го запознал својот вистински татко, а од својата мајка не успеал да открие никакви посебни детали за него, па така и ден денеска е нејасно кој всушност е неговиот татко.

Бидејќи неговата мајка имала само 17 години кога го родила, бабата и дедото на актерот, одлучиле да се грижат за него и неговата сестра како за свои родени деца, додека неговата мајка постојано глумела дека тој е нејзин помал брат.

Оваа скандалозна и комплицирана семејна приказна е откриена во 1974 година кога славниот магазин „Тајм“ објави текст за семејното стебло на славниот актер. Тогаш јавноста дозна дека неговата „сестра“ му е всушност мајка, а неговата наводна „мајка“ му е баба!

Во моментот кога се открила вистината, дедото и бабата на Николсон, како и неговата мајка, веќе биле мртви, па не можел да ги соочи со лагите кои му ги кажувале од најмали нозе.

Но, приказната не завршува овде. Николсон исто така сфатил дека неговата друга сестра Лорен, му е всушност тетка, а за медиумите овој период од животот го опишал како доста драматичен. Целиот живот комплетно му се променил. Сепак, иако бил шокиран, актерот рекол дека целата оваа работа не ја карактеризирал како трауматична, бидејќи бил психички стабилен во тој период од животот, па кога ја дознал вистината целото тоа го поднел стоечки…

Преземено од Фактор

 

Треба да знаете
Последни објави