Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Официјални податоци ги разбиваат манипулациите на губитникот Мицкоски.
Просечната месечна нето плата во јануари 2010 изнесувала 20.330 денари, во јуни 2017 таа била 22. 808 денари, а во јули оваа 2020 година 27.231 денар.
Во однос на цената на струјата, во првото полугодие 2017 година просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.017 денари по киловат лас додека во првото полугодие 2020 година, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 4.789 денари по киловат час.
Додека просечната плата расте, просечната цена на електричната енергија бележи пад. Тоа во време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше незамисливо, кога платите ба замрзнати со години, а државата беше зависна од увоз на скапа струја.