Милиони луѓе започнаа да гласаат рано во оваа изборна година во САД.
А, Кортни Кардашијан во четвртокот ја покажа својата поддршка за еден малку веројатен претседателски кандидат.
Реалити sвездата (41) гордо ја носе црната капа од претседателскиот асортиман на нејзиниот зет Канје Вест.
Името на Канје е на гласачкото ливче во 11 држави, а интересен е фактот што тој се појавува на гласачкото ливче во Калифорнија како кандидат за потпретседател на Американската независна партија заедно со „Роки“ Де Ла Фуенте Гуера, бизнисмен и политичар на американските дилери на автомобили, кој се кандидира за претседател на САД.
Раперот бил номиниран на ова ливче без негова консултација, тврди поталот „ТМЗ“, и додава дека тоа било стратешки потег на независната партија со цел да се зголемат гласовите.