Кремљ е загрижен за активната динамика на ширење на коронавирусот, но смета дека ситуацијата сè уште е под контрола, изјави портпаролот Дмитриј Песков.
Песков пред новинарите изјави дека Кремљ е загрижен за статистиката поврзана со пандемијата и фактот дека вирусот се шири многу брзо.
„Токму тоа е причината поради која беа воведени многу интензивни мерки, со цел да ги мотивираме сите наши граѓани да ги почитуваат строгите превентивни мерки, што не можевме да го забележиме долго време, морам да признаам“, рече портпаролот на Кремљ.
Тој додаде дека сегашната состојба е под контрола, и покрај таквата динамика, пренесе ТАС.
Во Русија, во последните 24 часа се потврдени 15.150 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.
Вкупниот број на заразени во Русија во моментов е 1.369.313, а починале 23.723 лица.