Седумнаесет од 27 земји членки на Европската унија, како и Обединетото Кралство, се наоѓаат во црвената зона на новата европска мапа на ограничувања на движењето. Картата ја објави Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) и само три земји на ЕУ се претежно зелени. Тоа се Норвешка, Финска и Грција.
Пет земји – Италија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија се главно означени со портокалова боја. Германија, Австрија, Шведска, Данска и Исланд не се обележани со боја поради недоволни податоци за тестовите.
Според препораките, спротивно на оние кои доаѓаат од зелената зона, патниците од портокаловата и црвената (или сивата) зона можат да бидат предмет на одредени ограничувања.
The first🚦map has just been published!
The maps include information on:
▪️ the 14-day notification rate of new confirmed #COVID19 cases at subnational level
▪️ weekly COVID-19 testing rates
▪️ testing positivity rates
▪️ a map with a combined indicator based on the algorithm pic.twitter.com/5fkPuduWwj— ECDC (@ECDC_EU) October 15, 2020
За да може еден регион да се класифицира во зелена боја, мора да има помалку од 25 нови случаи на 100.000 жители во последните две недели и помалку од 4 проценти позитивни тестови од вкупниот број тестирани. Регионот е во црвена зона кога бројот на нови случаи во последните две недели е поголем од 50 и кога процентот на позитивни од вкупниот број напаравени тестови е поголем од 4 проценти, или кога критериумот за нови случаи надминува 150 н 100.000 жители.
Постојат два случаи во портокалова категорија, региони со помалку од 50 случаи на 100.000 жители, но процентот на позитивни е поголем од четири проценти, или има помеѓу 25 и 150 нови случаи на 100.000 жители, но процентот на позитивно тестирани е помал од четири проценти.