САД го одбија денеска предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за продолжување на заедничкиот Договор за намалување на оружјето (СТАРТ) за најмалку една година, без никакви предуслови.
– Нема ништо од предлогот на Путин, изјави американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајен.
Тој во писмена изјава потсети дека САД предложиле продолжување на новиот договор СТАРТ за една година, а за тоа време земјите да го замрзнат својот нуклеарен арсенал.
Путин претходно денеска предложи да се продолжи постоечкиот договор без никакви предуслови за најмалку една година.
– Тоа е се со цел непречено да водиме значајни разговори за сите бројни прашања, за да не ги оставиме и Русија и САД, но и сите земји во светот, без ваков значаен договор како што е новиот СТАРТ, истакна Путин.