Барселона на гостувањето во Мадрид кај Хетафе го доживеа првиот пораз (1:0) сезонава во шпанската фудбалска Ла Лига во 6. коло. Голот за домаќините го постигна Мата од пенал во 56 минута.
Барса против цврстата екипа на Хетафе делуваше безидејно во поголемиот дел од натпреварот. Роналд Куман на клупата го остави Фелипе Кутињо и тоа се почувствува во играта на Барселона.
Имаше Барселона две добри шанси во првиот дел кои не ги реализира. Ударот на Меси заврши во дирекот,а Гризман шутираше над голот кога беше сам пред Сорија.
По поразот на Барселона, Атлетико Мадрид е единствента непоразена екипа во Ла Лига.
Наредната сабота Барселона ќе го пречека лутиот ривал Реал.