Во денешниот напад во Париз, исламист поради карикатура од пророкот Мухамед обезглавил професор.
На една од првите снимки од местото на убиството се гледа телото на несреќниот човек како лежи на тротоар, додека луѓето поминуваат покрај него.
Како што се гледа на една снимка, на плочникот лежи убиениот, додека околу него се наоѓаат припадници на безбедносните сили.
Напаѓачот денеска во предградие на Париз обезглавил професор во средно училиште кој на час неодамна им покажувал на децата карикатури од пророкот Мухамед, пренесува Ројтерс.
Полицијата го ликвидирала напаѓачот, а обвинителот рекол дека го истражува нападот кој се случил во населбата Конфлан-Сент Онорин, предградие северозападно од Париз.