Наместо оставка, очајниот Мицкоски станува изолиран маргиналец кој освен деструкција ништо друго не може да понуди

Губитникот Христијан Мицкоски наместо да даде оставка како што вети пред изборите, продолжува да се однесува деструктивно.
Денес, Мицкоски продолжува да врши упади во други политички партии само за да го прикрие фактот што не го исполни ветувањето дека ќе поднесе оставка ако не победи на изборите и ако не успее да состави влада.
Очајниот Мицкоски станува изолиран маргиналец заглавен во режимо-радикална матрица кој освен лажни вести и деструкција не може ништо друго да понуди.
Граѓаните тоа го знаат одамна и затоа три пати на избори го поразуваат Мицкоски, затоа ќе го поразат и на следните предвремени локални избори во Штип. Тоа го знае и Мицкоски и затоа уште сега се обидува да бара алиби за извесниот пораз што тој и неговата нереформирана ВМРО-ДПМНЕ ќе го доживеат.
Мицкоски одамна ја нема поддршката од граѓаните, тие јасно порачаа дека сакаат да продолжат по патот на напредокот, развојот и интеграциите и дека тоа не можно со ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија и Мицкоски уште долго ќе бидат опозиција.

 

Треба да знаете
Последни објави