Српскиот фолк пејач Драгиша Митиќ – Гиле се самоубил во родната куќа, објавија српските медиуми.
Драгиша се обесил во неговото родно село Книќ крај Тител. Овој пејач се приклучи на фолк јатото на „Гранд продукција“ во 2015 година, а со музика се занимавал околу две децении. Тој беше „вреден пејач“ и често настапувал на забави во Србија и во странство, за српската дијаспора.
Според извори на српските медиуми, Гиле посегнал по својот живот во моменти на душевна криза, заради големите долгови што ги имал, а не можел да ги врати.