Црна Гора може да очекува да добие околу пет проценти од средствата, грантовите и поволните заеми од девет милијарди евра од Инвестициската рамка на Европската комисија (ЕК) за Западен Балкан, што е околу 450 до 500 милиони.
Сепак, сè зависи од квалитетот на предложените проекти, изјави соговорникот на „Вијести” вклучен во активностите поврзани со тој проект и додаде дека ЕУ ќе бара проектите да бидат неопходни, економични, одржливи и еколошки.
Тој наведува дека во изминатите десет години од постоењето на Инвестициската рамка, Црна Гора добила околу 410 милиони од околу 7,5 милијарди дистрибуирани грантови и поволни заеми за земјите во регионот.
Инвестициската рамка на Западен Балкан (WBIF) е воспоставена од Европската унија за да им помогне на земјите кандидати да се развиваат побрзо и подобро, како и да го олеснат контактот меѓу корисниците – шесте земји во регионот Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Косово и Северна Македонија со институциите и банките на ЕУ како донатори и кредитори