Хрватската полиција објави снимка од нападот кој се случи во понеделникот на плоштадот Свети Марко во Загреб, за кој постојат сомнежи дека бил насочен кон премиерот Андреј Пленковиќ. Полицијата го класифицира нападот на плоштадот Свети Марко како повеќекратен обид за тешки убиства со елементи на тероризам. Како што пренесува „Вечерњи.хр“, директорот на полицијата Никола Милина и државниот обвинител од округот Загреб, Јурица Илиќ, денеска на прес-конференција зборувале за истрагата за кривичното дело, повеќекратен обид за убиство со елементи на тероризам.
-Ние презентиравме дел од фактите. Полицијата спроведува обемна истрага уште од првиот ден. Потврдено е дека се работи за три сериозни обиди за убиство на полицајци кои биле пред плоштадот Свети Марко. Постојат елементи на тероризам- рече Никола Милина.