По неофицијалните информации кои ги пренесоа српските медиуми за денешниот обид за ликвидација во гаража на ТЦ Ушче во Нов Белград дека по двата истрелани куршуми во главата на Александар Шарац (35 г.) тој им подлегнал на повредите, пристина нова вест од болнички извори која вели дека лекарите успеале да го реанимираат. Според сознанијата со кои располагаат медиумите кај северниот сосед Шарац се наоѓа во тешка здравствена сотојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Шарац не е првпат цел на напад, како што пишуваат медиумите од извесен „суров убиец“ познат како Чаба Дера. Во јануари 2019 година, медиумите пишуваа дека тој бил цел на нападот во кој е убиен неговиот зет Небојша Марковиќ, а кој беше снимен од надзорни камери на кои се гледал јасно ликот на Дера.