Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар попладнево претрпе висок пораз како домаќин во дуелот со лутиот ривал Шкендија (5:1) во премиерниот меч од 9. коло во Првата лига. Тетовци на убедлив начин ги освоија трите бода, демонстрирајќи доминација над младите вардарови фудбалери.
На Националната арена во Скопје, Вардар поведе во 12. Минута преку Поплзатанов, израмни Рамадани три минути подоцна, Ахмеди во 40.минута и донесе водство на гостинската екипа.
Во второто полувреме три гола за тетовските „црвено-црни”. Погодија, Ибраими, Тотре и Ахмеди од пенал за убедлив триумф.
Шкендија со шест победи и три нерешени средби е лидер на табелата, Вардар со биланс три победи, два нерешени исхода и четири порази е во вториот дел на табелата.
Утре играат:
Академија Пандев – Шкупи
Борец – Македонија ЃП
Ренова – Пелистер
Силекс – Работнички
Струга Трим Лум – Беласица.