Продолжува високата бројка на новозаразени во Албанија, појава присутна овој месец, кога е зголемен и бројот на дневно направените тестови.
-Во изминатите 24 часа од направените 1.289 тестови, позитивен резултат е добиен кај 273 од нив што е 21 отсто од тестираните. Најголемиот број од новодијагностицираните се од Тирана или 192,каде се и половина од активните болни, односно 3.176 вкупно 6.325 болни, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.
Во исто време битката со опасниот вирус ја добиле 44 лица или вкупно 10.001, а ја изгубиле пет пациенти или вкупно 448.
Се зголемува и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во двете ковид болници хоспитализирани се 259 пациенти, од нив 20 се на интензивна терапија додека тројца се интубирани.
На територијата на земјата зголемен е бројот на се епидемиолошките екипи во откривање на нови случаи а од вчера од кога маската е задолжителна и на отворен простор засилени се и полициските контроли. Вчера и денес до пладне, според полицијата, изречени се околу 600 казни за неносење заштитна маска.