ЕВР Гази Баба расчисти четири кражби, приведени тројца крадци 

 

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го приведоа А.Ј.(21) од Скопје поради сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ во две фирми во Скопје. По преземени мерки било утврдено дека ноќта на 11/12.10.2020 во фирма во кругот на поранешната фабрика Газела одзел различни предмети. Додека втората кражба ја извршил ноќта на 12/13.10.2020 во фирма на ул.„Благоја Стефковски“, каде што одзел различни предмети. Украдените предмети од двете кражби биле пронајдени и вратени на оштетените.

ЕВР Гази Баба, по преземени мерки го приведе и Д.Н.(42) од с.Брњарци, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во куќа во с.Брњарци на 19.09.2020, каде што одзел различни предмети. Предметите биле одземени од приведениот и вратени на оштетеното лице.

Исто така, ЕВР Гази Баба ја расчисти и тешката кражба на 26.08.2020 во куќа во с.Петровец од која беше одземено злато и по преземени мерки и активности го приведе  И.А.(18) од с.Петровец. Во разговор со полициски службеници тој го признал делото.

По целосно документирање на случаите, против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави