Пола милион евра за магариња и фризерници, милиони за тендери, барем дел од тие пари кои СДСМ ги дели на своите послушници да завршеа во здравството сега немаше да сведочиме на најголемата бројка на заразени од КОВИД до сега.
Вчера заради неспособноста и негрижата на СДСМ до сега бројот на заболени од КОВИД се искачи на скоро 600 лица.
600 луѓе, тоа се 600 лица со име и презиме, луѓе со семејства кои се жртва на вирусот затоа што власта која требаше да донесе стратегија да го намали неговото ширење 6 месеци ништо не прави.
Сите болници низ државата се преполни, а СДСМ, Заев и Филипче го преспаа цело лето и не оспособија нови болнички капацитети, иако знаеја дека доаѓа уште поголем есенски бран на заболени од КОВИД.
Есенскиот бран на заболени од Ковид удри врз граѓаните, а Заев и Филипче уште немаат набавени ниту вакцини против сезонски грип, иако тој чука на врата.
На ризик се најстарите и хроничните болни, тие немаат вакцина која им е насушно потребна.
Заев и Филипче се однесуваат како да се изненадени од есенскиот бран на КОВИД.
Заев и Филипче само бројат заболени и мртви, како статистичари.
Со Заев и Филипче само тонеме.