Маж од Неготино во четвртокот го оставил своето три-годишно дете во градинка и заминал да се тестира за корона вирус. Неговиот резултат е позитивен. Мајката не се тестирала, а детето ќе биде тестирано- информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци, објави skopskoeho.mk.
Во истата група во која престојува детето на позитивниот маж, денес е регистриран позитивен случај кај дете на три годишна возраст, кое било тестирано бидејќи пројавило симптоми.