Силекс го победи Работнички во натпревар со седум погодоци

Во натпревар со седум постигнати голови, Силекс попладнево во Кратово го совлада Работнички со 4:3.

Домашни победи на неделните средби од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига забележаа и Борец и Струга, додека Шкупи ги освои бодовите на гости против Академија Пандев.

Резултати:
Академија Пандев – Шкупи 0:1
Борец – Македонија ЃП 2:1
Ренова – Пелистер 0:0
Силекс – Работнички 4:3
Струга Трим Лум – Беласица 3:0.

Вчера Вардар – Шкендија 1:5.

Табела: Шкендија 21 бод, Шкупи 19, Македонија ЃП 16, Борец 15, Силекс 14, Струга 14, Работнички 11, Пелистер 11, Вардар 11, Ренова 7, Академија Пандев 7, Беласица 1.

Треба да знаете
Последни објави