Експерименталната вакцина за коронавирус, изработена заеднички од американскиот фармацевтски гигант „Пфајзер“ и германската компанија „Био-ен-Тек“, се произведува во илјадници примероци во Пурс, Белгија.
Целта е да се обезбедат 100 милиони дози на годишно ниво.
„Пфајзер“ до крајот на месецот треба да има конечни резултати за ефикасноста на нивната вакцина против коронавирусот. Вакцината во тестовите во јули предизвика засилен имунолошки одговор кај примателите, во споредба со луѓе кои природно се опоравувале од инфекцијата.
Ривалската компанија „Мерк“ исто така ќе започне со тестирање на една вакцина врз луѓе, како и уште едена подоцна годинава.
И „Мерк“ и „Фајзер“ тврдат дека ќе бараат одобрување на вакцините само кога безбедноста и ефикасноста ќе бидат докажани кај голем број луѓе.