Продолжува да се зголемува бројот на новозаразени во Албанија, но и на дневно направените тестови.
– Во изминатите 24 часа од направените 1.276 тестови, позитивен резултат е добиен кај 281 од нив што е околу 23 отсто од тестираните. Најголем број од новодијаганостицираните се од Тирана или 151, потоа Корча 30 и Фиер 18 новозаразени, информираше Министертвото за здрвство и социјална заштита.
Во исто време битката со опасниот вирус ја добиле 70 лица или вкупно 10.071, а ја изгубиле тројца пациенти или вкупно 451.
Се зголемува и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во двете ковид болници хоспитализирани се 256 пациенти, од нив 25 се на интензивна терапија додека петмина се интубирани.
Познати епдемиолози и понатаму сметаат дека бројот на направени тестови дневно треба да бидат до 2.500, со цел да се отслика реалната епидемилошка состојба со опасниот вирус.
Од Министертвото информираат дека подготвени се за прием на пациенти уште четири ковид болници, а доколку има потреба ќе бидат оспособени неколку регионални болници.
Досега во земјата направени се 107.369 тестови, позитивен резултат е добиен кај 17.055, активни на болеста се 6.533 лица.