Со синоќешната архијерејска Вечерна богослужба, на која молитвено претстоеше надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, почна одблежувањето на големиот јубилеј 1000- годинишнната од основањето на Бгорскиот манастр.
Пред почетокот на Вечерната богослужба, во храмот на Чесниот Претеча, Слово одржа Епископ Антаниски г. Партениј, во кое меѓу другото рече дека илјадагодишното наследство во коешто се слева текот на богослужбениот и аскетско-исихастичкиот живот, го направиле ова место плодотворна почва за обожение, Едемска градина за духовно наситување и за успокојување, прибежиште на душите изморени и обременети од гревот и светот.
-Во текот на десетте изминати столетија, Бигорски заблескал подобно на Горнатата одаја во Ерусалим, и во него секојдневно се слуша шумот на Педесетницата; оваа благословена падина на Бистра се открила како нова Таворска Гора, каде што преку зраците на Таворската светлина се преобразиле и осветиле многу души; реката Радика, пак, се покажала како некој нов Јордан, каде што непрестајно одекнува Претечевиот повик за покајание: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно – повик којшто силно одекнувал во нејзината клисура со векови, и оттаму се ширел како ехо низ нашите градови и села, рече г. Партениј.
Додаде дека кон богопрославеното бигорско илјадалетие, на наша чест, но и на голема одговорност, се додаваат и последниве две и половина десетлетија откако е возобновен монашкиот живот во него.
– Накалемено на духовната ризница на благодатта Божја, напластувана на ова осветено место со векови, нашето скромно монашко братство смирено ја продолжува мисијата на своите претходници, чиешто присуство од небесната Црква силно го чувствува и преку него се утврдува,рече тој.
Заради се она што го направил за манастрот, како и несебична помош и поддршка за прославата на великиот јибилеј, на г. Тимотеј му беше врачено највисокото милениумско одликување на Свештената Бигорска Обител – лента со ѕвезда и крст со ликот на Чесниот Претеча.
Во Бигорски денеска е централната манфестација на одбележувањето на Миленумскиот јубилеј. Тука е претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на одбележувањето.Тој беше пречекан од г. Партениј и традицинална мијачка гарда.
Почна и Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан,во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.
По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати Архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.
Во продолжение, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.