Жарко Пешевски и Штутгарт одиграа тежок натпревар против Легмо на домашен терен во рамките на 4. коло во Бундес-лигата. На крајот овој дуел заврши без победник 26-26 и покрај тоа што домашниот состав имаше вистинска шанса да дојде до двата бода.
Противникот беше фуриозен на стартот, поведе со 2-7 и 5-10, тимот на македонскиот репрезентативец постојано беше во негатива, која на одморот изнесуваше два гола (13-15).
На Штутгарт му беше потребно време за да целосно се врати во мечот, израмни на 19-19, а потоа на трипати имаше плус два (22-20, 24-22 и 26-24), но тоа не беше доволно да се скрши отпорот на гостите. Во последната минута од мечот успеаја да се изборат за бод.
Пешевски беше извонреден на оваа средба, зад него име запиша шест од погодоци од седум обиди.