Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 21.00 часот на 16.10. до 02.00 часот на 17.10.2020, по претходна судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на подрачјето на Бутел, во кои престојувал Н.А.(21) од Скопје.
За време на претресот пронајдени биле девет ќеси со марихуана, а Н.А.(21) од Скопје бил лишен од слобода по чл.215 од Кривичниот законик и приведен во полициска станица за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.